Украден автобус на Барак Обама
19 октомври 2011Крадци украле еден од автобусите кој требало да го придружува американскиот претседател Барак Обама на неговата турнеја низ земјата. Автобусот, во кој се наоѓале претседателски печати, документи и звучна опрема вредна повеќе од 200 илјади долари, бил украден од пред хотел во Ричмонд, Вирџинија, а неколку часа подоцна полицијата го пронашла на друг крај на градот. Полицијата не открива дали нешто било украдено од автобусот, а не се знаат ниту мотивите на крадците.
Надлежните во Вашингтон соопштија дека во автобусот немало тајни или чувствителни информации, но тврдат дека се преземаат сите мерки за да се откријат сторителите и позадината на кражбата.
Агенцијата Асошиејтед Прес, каде беше објавена веста, пишува дека „е добро што никој не ги заборавил и клучевите од Ер Форс 1“ (претседателскиот авион).
„Дали крадците знаеле што крадат или сега имаат чувство ’леле што направивме!’“, се прашува Асошиејтед прес.
Автор: БГ/ГЧ/ап
Редактор: Жана Ацеска