Зелено светло за еврото во Хрватска
2 јуни 2022Реклама
Според проценките на Европската комисија, Хрватска ги исполнува сите неопходни критериуми поврзани за воведувањето на еврото. Земјата која од 2013 година припаѓа на ЕУ, е на пат да стане 20 членка на еврозоната. Од тоа ја дели уште согласноста на шефовите на држави или влади на ЕУ, а кога ќе биде направен и овој чекор, кој се очекува во јуни, ЕУ-министрите за финансии, веројатно во јули, ќе го утврдат курсот за размена со сегашната хрватска куна.
Европската централна банка ја споделува позитивната оценка, но ја опомена владата во Загреб да ја засили борбата против перењето пари и да спроведе структурни реформи за подигање на развојниот потенцијал на стопанството.