Францускиот парламент е за продолжување на Ковид-пасошот
21 октомври 2021Францускиот парламент донесе одлука со тесно мнозинство. За предлог законот на владата во текот на изминатата ноќ гласааа 135 пратеници, додека 125 беа против.
Здравствениот пасош е обврска за присуство на многу манифестации и на многу јавни места во Франција. Со него се докажува целосна вакцинираност против коронавирус, негативен корона-тест или тоа дека лицето е оздравено од Ковид. Правилото, кое сега е во сила, требаше да истече на 15 ноември. Промената на законот ѝ дава можност на владата да ја задржи обврската за покажување на документот, или да ја воведе повторно. За предлог законот согласност треба да даде и Сенатот.
Повеќе:
Италија: Без „зелен пасош“ нема работа
Со Ковид-пасош до големата слобода, но како?
Продолжението на траењето на Ковид-пасошот е спорно. Пратениците дебатираа жестоко два дена. Во предлог законот од владата е предвидено зголемување на казните за фалсификувани здравствени пасоши, како затворски казни во траење до пет години и 75.000 евра.
Француски граѓани редовно излегуваат на демонстрации во знак на протест против здравствениот пасош и други корона-мерки во земјата. Ситуацијата со пандемијата во Франција во последно време повторно бележи благо влошување. Досега се целосно вакцинирани речиси 74% од населението.